Алијанса за Албанците – Османи се претвори во маскота на изолацијата и на неуспехот за интеграција на Северна Македонија. 

0
16

Владата  СДСМ-ДУИ ја доведе Република Северна Македонија во состојба на невидена изолација на нашата  земјата блокираји го процесот на интеграција поради лошото менаџирање и лошото петгодишно владеење, обвинија од Алијансата за Албанците.

Во прилог подолу е целото партиско соопштение на Алијансата за Албанците.

 

-Потсетуваме дека, последните четири години Владата  на СДСМ-ДУИ доби неколку консекутивни одбивања за отворање на преговорите за влез во ЕУ и тоа поради критичната позиција кон слободата на медиумите, секојдневните коруптивни скандали, политизираното и врз етничка припадност дејствување на судството и севкупното потфрлување на правната држава.( А кога зборуваме за корупцијата, самата Претседателка на Комисијата за Спречување на Корупција, Госпоѓа Билјана Ивановска, призна дека состојбата со корупцијата е доста сериозна реферирајќи се и на извештајот од Европската Комисија за Северна Македонија, проценката на ГРЕКО и според индексот на проценка на корупција од Transparency International)

Неодамна, нивните неуспеси беа надополнети со нивната неспособност за решавање на спорот со Бугарија.  Земјата и граѓаните никогаш не биле по изолирани.  Подеднакво, многу пати Бујар Османи лажеше дека добил датум за отворање на преговорите и ги прикриваше неуспесите  своите неуспеси и неуспесите на владата  СДСМ-ДУИ со патувања низ Европа само за фотографирање. Сето ова платено од даночните обврзници.  Кулминацијата ја имаше постигнато во 2018 година со смешните фотографии од приватен авион кога не убедуваше дека оваа работа е завршена.

Сите овие години, Османи заедно со Заев и Димитров лобираа по европските ходници за одвојување од Албанија, претставувајќи ја неа како пречка за Северна Македонија кон патот за Европа. Сега, откако европските институции отворено говорат дека Албанија ги завршила зададените задачи и дека проблемот е до Северна Македонија, Османи ја промени позицијата и почна да лобира да не се одвојат Северна Македонија и Албанија, значи токму спротивното на тоа што го правеше три години по ред.  Османи се претвори во маскота на изолацијата и на неуспехот за интеграција на Северна Македонија.

Но, сега оваа маскота ги прекорачува сите граници и почнува да и штети и на Албанија.  Затоа, го повикуваме Османи да ги запре патувањата кои се колку залудни толку и скапи во време кога граѓаните се осиромашени од лошото менаџирање на оваа влада со пандемијата и со економското закрепнување.

Ги потсетуваме Премиерот Заев, Заменик Министерот за Евроинтеграции, Никола Димитров и Министерот за Надворешни Работи, Бујар Османи, кои што постојано во текот на овие три години изјавуваа дека проширувањето се заснова на индивидуални заслуги на земјите членки.  Затоа, добро е да го прифатите вашиот неуспех и да и го отворите патот на Албанија која ги има исполнето своите задачи и должности.  Ако не успевате за себе, тогаш немојте да бидете пречка за другите и регионот.  Одржувањето на процесот за интеграција е многу поважен од вашиот личен политички интерес.

Алијанса за Албанците