АМБАСАДОРИТЕ НА С МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ВО ЧЕТИРИ ГРАДА ЗАЕДНО ЌЕ ГИ ЧЕСТВУВААТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

0
40

Амбасадите на Северна Македонија и на Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев, со заеднички настани ќе го чествуваат 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Оттаму го договориле ваквиот чекор со бугарското МНР, како што велат од Министерството, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

По повод 24 Мај, и претседателите на двете држави, Стево Пендаровски и Румен Радев, со бугарскиот државен авион ќе патуваат во Ватикан.

Поради ковид-протоколите, наместо денеска, двете делегации ќе отпатуваат на 26 мај. Како што е најавено, претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари, ќе отпатуваат за Ватикан.

Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“, како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.

Извор 360°