Арифи: Работи за изградба на новиот цевковод за водоснабдување во Порој, при крај

0
28

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку својот Фејсбук профил објави дека работите за изградба на новиот водовод во селото Порој се при крај, 

„Работите за изградба на новиот цевковод за водоснабдување на селото Порој, од изворот на Буџак до сливот внатре во селото, се при крај! 🤗
Има 6000 метри цевки обезбедени од општина Тетово, а со помош на локалната заедница и жителите на Порој се изведуваат градежни работи за поставување на цевките и отворање на патот до изворите, кои се наоѓаат на надморска височина од 2000 метри. 🏔
Им благодарам на сите што дадоа придонес во овој многу витален проект за жителите на Порој, како и за граѓанскиот активизам кој е одлучувачки за реализација на вакви капитални проекти! 
„Ја градиме иднината“, се вели во соопштението на градоначалникот Арифи.