„Балистите“ влегоа на стадион и покрај забраната, мечот беше прекинат неколку минути (ВИДЕО)

0
14

Натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Шкупи неколку минути беше во прекин откако на трибините влегоа навивачите на домашниот тим, популарните „Балисти“. Како што е познато, поради Ковид пандемијата забрането е присуство на навивачи на стадионите, но и салите. Но, на денешниот меч се доделуваше шампионскиот пехар за Шкендија, па нивните навивачи по секоја цена сакаа да бидат на трибините.

Поради ова делегатот на мечот го прекина натпреварот, бараше да бидат отстранети навивачите од трибините. Откако со помош на фудбалерите на Шкендија, но и раководството беа натерани навивачите да заминат, натпреварот продолжи. Конечниот резултат гласи 1:1.

ПРЕЗМЕНО ОД СПОРТМ