Бектеши: Двојна дневница за работа во недела

0
22

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција најави дека трговските центри и сите субјекти кои ќе работат во недела, според новиот закон, ќе мора на своите вработени да им исплатат двојно поголема дневница, како и 2% од приходите во државната каса.

„Трговските центри ќе работат во недела. Оние кои ќе работат во недела, дополнително треба да исплатат двојна дневница, како и 2% од нивните приходи кои ќе ги остваруваат во недела. Трговските центри и бензинските пумпи во делот од нивните маркети, ќе треба да го уплаќаат во државната каса, со цел тие средства да бидат искористени за изградба на градинки“, најави Бектеши.

Бектеши напомена дека за угостителските објекти ќе важи истиот закон.

„Во врска со шпекулациите дека угостителските објекти ќе работат една смена во недела, угостителските објекти ќе работат согласно постоечките законски измени, а таму ќе нема никакви измени за нив во законската регулатива за недела неработен ден“, рече Бектеши.