Благодатниот оган од Ерусалим и годинава ќе ги осветли храмовите на МПЦ

0
17

Велика сабота во Ерусалим. Во црквата на Светиот гроб православните христијани со песни, молитви и во екстаза во раните утрински часови го пречекаа грчкиот ерусалемски патријарх, во очекување тој да го изнесе благодатниот оган од гробната капела.

Со палање на свеќите и биење на камбаните традицијата долга повеке од 12 векови продолжува да живее.

Оваа година на церемонијата присуствуваа поголем број верници од мината година, поради олабавување на рестрикциите поради корона вирусот.

Овој оган со посебни летови потоа патува до православните земји Грција, Бугарија, Русија, Грузија, Романија, Кипар, Србија. Македонија годинава благодатаниот оган ќе го преземе од Грција. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на атинскиот аеродром светиот оган ќе го преземе од грчката државна делегација, а потоа ќе му го предаде на поглаварот на македонската православна црква Г. г. Стефан.

Извор Сител