БОЧВАРСКИ – Изборите, единствениот начин да се дисциплинира Мерко

0
23

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, му прати порака на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во врска со прашањето за дивоградбите во Охридското езеро на територијата на Струга.

Бочварски во изјавата нагласи дека изборите се ближат, затоа нека одлучат граѓаните, алудирајќи на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

„На крајот на денот, сите сме избрани од граѓаните, да ги зачуваме овие вредности. На следните избори, граѓаните ќе ни испратат порака доколку одговорно си ја завршивме работата, бидејќи тие ни ги дадоа нашите обврски и одговорности, нагласи министерот Бочварски.