(ВИДЕО)Шпанците го прославија укинувањето на полицискиот час на улиците

0
22

Шпанците го прославија укинувањето на полицискиот час на улиците, кој траеше дури шест месеци поради пандемијата на коронавирус. Многу од нив се собраа на улиците да танцуваат и да пеат, но регионалните власти велат дека ќе ги спречат собирите.

Вонредната состојба беше укината, а со неа беше предвидена и забрана за движење од 11 до 18 часот.

Полицискиот час престана да важи ноќта помеѓу саботата и неделата, што многу Шпанци го поздравија како слобода, со масовно собирање на улиците.

Собири имало во Мадрид, Барселона, во други градови, но и на плажите.

Сепак, некои локални власти ги најавуваат своите ограничувања, бидејќи стапката на инфекции и смртност варира.

Во покраините Арагон и Балеарските острови, локалните власти најавиче дека ќе побараат да остане полицискиот час, пренесува РТ.