(ВИДЕО) АПСЕЊА ВО ИСТАНБУЛ: Демонстрантите се судрија со полицијата

0
17

Во Истанбул денеска имаше судири. Над 100 демонстранти се уапсени кога се обидоа да го одбележат 1 Мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата.

Тие се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим. На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата.

Во Анкара имало најмалку 11 апсења. Од 29 април во земјата на сила се строги анти-ковид мерки поради третиот бран на пандемијата.