(Видео) Во машината за мелење месо во викендичката на Беливук пронајдени ДНК од различни жртви

0
51

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави денеска дека по вештачењето, МВР и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека мелницата за месо пронајдена во викендичката на кланот на Вељко Беливук во белградски Ритопек имало повеќе примероци на ДНК од различни жртви.

– Ниту едно злосторство на кланот Беливук-Миљкoовиќ нема да остане неразјаснето. Откако најдовме тајна просторија во куќата на ужасот во Ритопек, во која, покрај оружјето и експлозивите, имаше и индустриска машина за мелење месо, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдија дека таму биле неколку ДНК на разни жртви на овој клан, посочи Вулин.

Според него, оваа „убиствена група“ измачувала луѓе, ги убивала и на крајот ги заземнувала нивните остатоци на најстрашен начин со цел дополнително да ги уништи и расфрла.

Полицијата објави и видео од „куќата на смртта“ во Ритопек.