ВИДЕО: ЗАБАВА СО ДИЏЕЈ, БЕЗ ЗАШТИТНИ МАСКИ И БЕЗ ДИСТАНЦА ПРЕД МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

0
20

Синоќа во центарот на Скопје, во дворот на Музејот на Македонија се одржала забранета забава на која не се почитувале мерките за заштита од ковид-19, односно гостите не носеле заштитна маска и не одржувале дистанца.

Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за „А1он“, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс.

Од Министерството за внатрешни работи за порталот истакнале дека веќе постапуваат за овој случај и најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од Ковид – 19.