(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГАЃАЛ „ПОДМОРНИЦА” НА ХАМАС

0
21

Брод на израелската воена морнарица и воен дрон погодиле група милитанти на Хамас кои биле во „подморница“ на брег на Средоземното Море, соопшти прес-службата на израелските безбедносни сили.

Неколку сомнителни лица беа забележани на брод кој е, наводно, подводно оружје на Хамас. Бродот се движел кон брегот, наводно за извршување терористички напади во израелските води. Пред извесно време, (израелски) борбен брод и израелски авион извршија напад врз луѓето и оружјето во подморницата, за да ја изолираат заканата“, се наведува во соопштението.

Одбранбените сили на Израел објавија видео-снимка од нападот на море за која тврдат дека била направена во понеделникот. Како што наведоа, снимката го прикажува уништувањето на импровизираната подморница.

Во седумдневните воздушни напади на израелската авијација врз појасот Газа убиени се најмалку 145 Палестинци, меѓу кои 41 дете и 23 жени, а во ракетните напади на Хамас врз израелските градови животите ги загубија осум Израелци, меѓу кои петгодишно дете и еден војник.

Извор мкд