ВИДЕО – СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,4 ПО РИХТЕР ЈА СТРЕСЕ КИНА

0
69

Кина ја погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер. Земјотресот се случи во централна кина, 524 километри од градот Ланжу, во кој живеат 2,6 милиони луѓе. Потресот се случил нешто по 19 часот по наше време, односно во сабота рано наутро по локално.

Ова беше втор земјотрес во Кина. Првиот земјотрес се случи вчера во провинцијата Јунан и во него загина едно лице. Тој земјотрес, околу 1.000 километри оддалечен од денешниот, имаше сила од 6,4 по Рихтер.

Вториот, посилниот земјотрес се случи во слабо населен дел од земјата, но поради својата сила се почувствува во бројни големи градови.

Засега нема пријавени жртви од вториот земјотрес, но се проценува дека материјалната штета би можела да биде голема.