(ВИДЕО) Шестоодделенка застрела тројца во училиште во Ајдахо

0
15

Девојче на возраст од околу 12 години застрела тројца во училиште во Ајдахо, САД. Повредени се двајца ученици и еден вработен како чувар во училиштето. Двете повредени деца се задржани во болница во текот на ноќта, но не се во животно загрозувачка состојба.

„Пукањето почнало во ходникот на училиштето, а лицата биле застрелани надвор на излезот од зградата. Една наставничка ја разоружила и ја држела додека да дојде полицијата“,

соопшти полицијата.

Девојчето било приведено, а полицијата сѐ уште не ги знае мотивите, ниту каде ученичката успеала да најде пиштол.

Учениците сведочат дека штом слушнале пукање, ги исклучиле компјутерите и светлата во училниците и се прилепиле до ѕидот, а дел од наставниците излегле да видат што се случува.

Полицијата и локалните власти во Ајдахо велат дека учениците и наставниците поминуваат обуки како да постапат во ваква ситуација и среќа е што благодарение на соодветната реакција немало жртви, ниту повеќе повредени.

Извор 360°