(ВИДЕО)Bтор ден: Повторно гужва за вакцини и ваучери од 5.000 динари

0
46

И вчера голем број луѓе се собрале на пунктот за вакцинација во Трговскиот центар „Ушче“ во Белград, иако било најавено дека вакцинацијата ќе започне дури во 12 часот.

Претходно било објавено дека првите 50 кои ќе дојдат на вакцинација во петок, исто така, ќе добијат ваучери во вредност од 5.000 динари.

Според медиумите, насобраните граѓани истакнале дека нивните најголеми мотиви за вакцинирање се пaтувањата и „граѓанската должност“.

Вакцинацијата во „ТЦ Ушче“ започна вчера, а пејачката Јелена Карлеуша беше меѓу првите кои биле вакцинирани таму.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави дека заклучно со вчерашниот ден, во главниот град се ревакцинирани 490.891 лице, односно 35,3 проценти од возрасните граѓани. Дадена е најмалку една доза од вакцината на 613.642 лица, односно 44,1 процент од возрасните граѓани на Белград, изјавил Весиќ.

Вакцинацијата во трговскиот центар продолжува и денес во 10 часот, а повторно се најавени парични награди и ваучери за најбрзите.