ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ, ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВА НОВО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ

0
21

Законот за легализација на дивоградбите нема да се најде повторно пред пратениците.

По бурните реакции е од стручната јавност, но и одбивањето на претседателот Пендаровски да го потпише указот владата целосно го повлече првично предложениот закон од собраниска процедура. премиерот Заев вели гласот на јавноста е слушнат и законот ќе претрпи измени, но сепак одредени одредби ќе останат бидејќи како што законот го регулира и правниот статус на објекти од јавен интерес.

Министерот за транспорт и врски пак Благој Бочварски објасни како би се одвивала легализацијата и најави дека новиот закон ќе биде уште порестриктивен.

-Откако ќе се изготви законот со невладините и граѓаните, ќе може да се аплицира во матичните општини за можност нивната градба да се стави во правна рамка, вели Благој Бочварски – министер за транспорт и врски.

Повлекувањето на овој закон од собраниска процедура наиде на одобрување од страна на граѓаните кои што не се сложуваат бесправно изградени објекти да добијат шанса да се легализираат. Според нив добро е што законот ќе се менува.

Законот беше донесен на почетоков на месецов со поддршка од власта и опозицијата, но шефот на државата Пендаровски одби да го потпише и беше вратен назад. По ова, Владата одлучи прво да се отвори јавна дебата, а ВМРО-ДПМНЕ се уште се нема произнесено дали и какви измени ќе прифати.