ВМРО-ДПМНЕ: НА КОНТОТО НА ФИЛИПЧЕ ИМА ПОВЕЌЕ ОД 5.000 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА И МНОГУ ПРОВИЗИИ

0
37

СДСМ и Венко Филипче мислат дека има масовна имунизација. Не! Нема никаква масовна имунизација.

Има заборавени граѓани со ретки болести, транспплантирани, лица на дијализа кои својот ред за вакцина го добија со пет месеци доцнење.

Да, со пет месеци доцнење, затоа што вакцинацијата против корона на овие лица во сите други земји стартуваше крајот на минатата година, крајот на декември.

И не само тоа. Системот за вакцинација на Филипче целосно потфрли.
Секој ден паѓа системот, и граѓаните се принудени да чекаат и по повеќе од два часа за да примат вакцина.

На контото на Филипче има повеќе од 5.000 починати лица од корона и се разбира многу провизии.

СДСМ и Венко Филипче да одговорат дали е точно дека се крие вкупниот број на заразени и починати од Ковид 19, како што е наведено во податоците кој ги објави американски институт за процена на здравјето „Health Data“.
Во овој извештај е наведено дека во Македонија има починато двојно повеќе луѓе како последица од Ковид 19.

Ова е „заслугата“ на новиот потпретседател на СДСМ за време на корона епидемијата.

За ова еден ден ќе одговара!