ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака ниту вакцини, ниту нов Клинички, сака само провизии!

0
31

За Филипче и Заев приоритет се провизиите, а не здравјето на граѓаните. Тие не успеааја да направат ништо, освен да уништуваат и пљачкаат. Последна во низата пљачки е онаа со изградба на нов Клинички центар. Но, на сите им е јасно дека не станува збор за никаков проект за нов Клинички центар, туку за физибилити студија со која Филипче сака да земе заем од повеќе од пола милијарда евра, пари кои треба да ги враќаат граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– И Филипче наместо да мисли како да земе провизија, нека мисли како да направи проект за нов клинички, па потоа да бара пари. ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но не е за пљачка на граѓаните, велат од партијата.

Тие посочуваат дека додека сите држави вакцинираа, Филипче мислеше како да земе провизии за што има докази дека уплатил 7,8 милиоми евра на фантом фирма од Хонг Конг.

– И така граѓаните почнаа да се вакцинираат неколку месеци подоцна од граѓаните во другите европски држави. Филипче треба да прекине да мисли на провизии. Филипче треба да ја напушти функцијата, а потоа и да одговара за направените штети, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.