Во Израел има само 985 активни ковид-случаи

0
13

Во Израел драстично падна бројот на активни ковид-случаи и во моментов е под илјада односно има вкупно 985. Според порадотице од тамошното Министерствот за здравство во изминатот деноноќие се регистрирани само 17 лица, а по полноќ се пријавени уште два нови случаи на коронавирусот.

Израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн на Твитер информираше дека претходно во пикот на епидемијата во Израел имало и по повеќе од 70 000 заразени.

Во изминатата недела бројот на тешко болните од ковид-19 во Израел падна под 100. Според министерот, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата.

Тоа е 0,2 отсто позитивни тестови од вкупно над 11 581. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во државата ја примиле првата доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, додека околу 5,1 милиони се со две дози примени вакцини.