Во март 73,2 отсто од потрошената струја од домашно производство

0
22

Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 789.488 мегават часови електрична енергија, 45,725 милиони нормални кубни метри природен гас, 406.568 тони јаглен и 87.746 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,2 отсто од потрошената електрична енергија е од  домашно производство, а 95,5 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.