ВО ПОДРУМ УАПСЕНИ ЗАВИСНИЦИ ОД МАРИХУАНА И КОКАИН

0
18

Пет гостиварци се приведени и задржани во полициска станица, откако утрово, при претрес на деловен објект во кој престојувале се најдени кокаин и марихуана.

Според информацијата од МВР, утрово околу два часот од полициски службеници ги уапсиле Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар. При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кои ги користи И.С., биле затекнати приведените лица. Притоа пронајдено и одземено од нив е кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Петмината гостиварци се задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.