ВО ПОЖАР ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ КАТ ОД КУЌА ВО БРВЕНИЦА , ЗАФАТЕН И ПОКРИВОТ

0
21

Пламени јазици вечерва проголтаа цел кат од куќа во Брвеница како и покуќнината. Пожарот бил пријавен околу 21 часот и 45 минути. Тетовските пожарникари интервенирале и спречиле огнот да не се прошири.

-Ние како екипа спречивме пожарот да не се прошири, тој ја зафати и покривната конструкција од куќата која претрпе огромна материјална штета, но за среќа нема повредени.Успеавме да го ставиме пожарот под контрола, а интервениравме со 9 пожарникари и 3 противпожарни возила, рече Ука Алити командир на ТППЕ Тетово.