Во тетовско пронајдени две вреќи со марихуана, нападнат малолетник во тетовско Пршовце

0
21

Синоќа околу 22 часот и 5 минути, на локален пат над тетовското село Камењане, полициски службеници на СВР Тетово при извршена контрола пронашле две вреќи со марихуана. Извршен е увид, а пронајдената дрога е подигната за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.

Полицискиот билтен регистрираше две тепачки

Вчера 45-годишниот Ќ.А. од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека пред околу еден месец неговиот малолетен син во селото бил физички нападнат од повеќе малолетни лица, негови соселани, а потоа снименото видео за овој напад било објавено на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следат соодветни поднесоци.

Синоќа во 21 часот и 30 минути, А.Е.(67) од тетовско Отушиште во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22 часот во тетовско Теарце неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице од Пршовце. Според пријавеното, напаѓачот употребил и дрвен предмет.Се расчистува и документира случајот.

Во СВР Тетово пријавено е дека во фабрика во гостиварска Горна Бањица, извршувајќи работни задачи, Д.М.(52) од Гостивар се зaдобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се расчистува случајот.

Вчера во 13 часот и 50 минути, Н.Х.(44) од тетовско Вејце во СВР Тетово пријавил дека на 2 мај годинава настанал пожар во неговата штала за овци, лоцирана во местото викано „Колник“ во атарот на тетовско Одри. Нема повредени лица и добиток, а според пријавеното изгорела поголема количина добиточна храна. Се расчистува случајот.