ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АЛБАНИЈА – ЗАПЛЕНЕТИ НАД ПОЛОВИНА ТОН МАРИХУАНА

0
40

Во албанскиот приморски град Валона полицијата запленила вкупно 577 килограми марихуана и приведе три лица под сомнение за меѓународна трговија со дрога.

Според полициските сознанија крајната дестинација за дрогата била Италија. Како доказен матерјал запленет е и гумен чамец со кој осомничените ја транспортирале дрогата.

„Лицата кои беа во чамецот за да се спасат од полицската поморска патрола се обиделе да го напуштат чамецот, но не успеале во намерата. Запленети се 577 килограми марихана, како и моторниот чамец, а уапсени се и три лица,“ се наведува во соопштението од полицијата.

Приведениете се на возраст од 27, 34 и 43 години и се жители на Валона.