Голем интерес за вакцинација на вакционалниот пункт во Тетово кој е регионален центар за имунизација

0
15

 На вакциналниот пункт кој се одвива во спортската сала при Медицинското училиште Никола Штејн во Тетово, вакцнација тече со голем интерес. Се вакцинираат на дневна основа околу 1000 граѓани. Но со интересот се создаваат и гужви, затоа граѓаните треба да внимаваат, затоа што вирусот е се уште тука.

Мора имунизацијата да се спроведе до крај, затоа што друга опција, за да го победиме овој смртоносен вирус нема, вели Д-р Гзим Нуредини од Клиничката Болница Тетово.

Спортската сала при медицинското училиште Никола Штејн преставува регионален центар каде се вакцинираат жителите од полошкиот регион и пошироко со претходно закажан термин.