ГРЦИЈА ЌЕ ПРИМА ТУРИСТИ ВАКЦИНИРАНИ СО РУСКА И КИНЕСКА ВАКЦИНА

0
44

Европската агенција за лекови од денеска започна да ја испитува кинеската вакцина на Синовак, а се уште во фаза на испитување се Синофарм и руската на Спутник.

СЗО започна со проценка на двете кинески вакцини на Синофарм и Синовак, за евентуално да ги одобри за итна употреба. И додека ЕУ воведува ковид пасоши, земјите како Македонија кои немаат достапност до други вакцини остануваат изолирани.

Единствено Грција најави дека ќе ги признава сите вакцини против Ковид, не само одобрените од ЕМА и од 14 мај ги отвора границите на својата земја.

Сето ова ќе го забави процесот во справување со пандемијата. Ваквиот пристап нема врска со медицината, а опасноста е ако луѓето започнат да ги одбиваат вакцините кои не се одобрени од ЕМА и СЗО и да бараат од западните, предупредува Пановски. И нагласува – кинеските што содржат мртов вирус може да се покажат многу ефикасни.

Во државата во ек е имунизацијата со 200 000 кинески вакцини на Синофарм, а до крајот на мај се очекуваат 500 000 кинески на Синовак.