Дерала до Илиевски: Нахушкавте луѓе да направат кривични дела и завршат во затвор, за вие од слобода уште да продавате национализам

0
44

„Ти беше националистички мегафон на власта порано, а сега си националистички мегафон на истата партија. Вие се уште сте истите луѓе, истото го зборувате постојано, мислејќи дека сто пати повторена лага ќе стане вистина. Нахушкавте луѓе да направат кривични дела, некои од нив завршија во затвор, а вие сте уште на слобода и продавате национализам“  кажа активистот Џабир Дерала во емисијата на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, обраќајки се до Богдан Илиевски.

„Дел од амнестираните за 27 април се тие што требаше да се соочат со полната сила на законот. Убеден сум дека архитектите на таа пропаганда и акција, планерите и пропагандистите се заслужни што некои луѓе сега се во затвор и го направиле тоа што го направија“ кажа активистот Џабир Дерала во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, каде што дебатираше со Богдан Илиевски.

Тој додаде дека лично верува оти дел од осудените за 27 април биле изманипулирани, доведени во ситуација да се плашат за својата земја и за тоа што нив им значи, по што влегле внатре и ги извршиле кривичните дела.

„Имаме ситуација во која еден дел од тие луѓе кои влегоа внатре беа заблудени, со месеци беа терани, хушкани во амбисот кој се нарекува крвав напад на Собранието. Група луѓе влегоа во народниот дом и сакаа да убијат пратеници, лидери на политички партии и новинари“ кажа Дерала.

Дерала додаде дека во периодот по 27 април, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ и дека се уште се продава национализам.

„Вие секој ден малтретиравте јавност и ги хушкавте луѓето, ги заплашувавте со Тирански платформи, со предавства, со сето тоа што ви е во арсеналот и ден денес. Додека светот оди напред, вие стоите во место“ рече Дерала обраќајки се до Илиевски, познат како Бетмен велит.

Преземено од Фронтлајн