ДЕСКОСКА СМЕТА ДЕКА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ДИВОГРАДБИ ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

0
18

Поранешната министерка за правда Рената Дескоска смета дека новиот Закон за легализација на дивоградби треба да се повлече. Професорката на правниот факултет при УКИМ го искажа своето несогласување со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски,.на денешната јавна расправа организирана од Антикорупциската комисија.

Решението во моментов се доработува по забелешките на јавноста и претседателот Стево Пендаровски кој одби да го потпише указот за прогласување.

„Министерот Бочварски кажа дека ќе се изземе легализација ако објектот не е место на живеење според лична карта. Но, и во овој дел има дупки, затоа што членови на едно семејство може да живеат на различни адреси. Значи, четири полнолетни членови на едно семејство може да легализираат четири дивоградби“, рече Дескоска.

Бочварски претходно рече дека нема да може да се легализираат викендици и објекти во заштитени подрачјна со новиот закон.

Според Министерството за транспорт и врски, во земјава има околу 50.000 дивоградби.