Деца јаделе слатки што соддржеле канабис, па неконтролирано повраќале и паѓале во несвест

0
26

Четири деца завршија во болница во Велика Британија откако изедоа слатки за кои мислеа дека содржат канабис.

Тие не треба да имаат долгорочни последици, соопшти денеска полицијата.

Децата беа пронајдени како неконтролирано повраќаат и се онесвестуваат, а потоа се освестија во саботата попладне во Паунд Лејн во Епсон, објави Гардијан во изјава од полицијата во Сари.

Три момчиња – од кои две се 12, другото 13 – и девојче (12), се пренесени во локалната болница и може да се сметаат за среќни што не добиле сериозни последици по јадењето, додаде полицијата.

За нив се вели дека добиле „сериозна реакција на слатки за кои мислеа дека содржат канабис“.

Друго момче (12) било однесено во болница на инсистирање на семејството, бидејќи се верува дека јадел вакви слатки.

Изворот на слатките сè уште се истражува, а полицијата нема идеја како би можеле да изгледаат, иако извештаите од петокот навечер укажуваат дека е можно да јаделе бонбони од зелен желе во форма на круг.

Детективот Лиза Бекли изјави дека децата биле „неверојатно среќни што не добиле многу потешки симптоми“.

“Овој исход во најголем дел се должи на брзите постапки на двајца студенти по медицина кои случајно беа во близина и им пружија помош во рана фаза. Брзата помош и болничкиот персонал реагираа брзо, па децата веднаш примија терапија”, рече Бежли.

Таа додаде дека случајот се испитува и полицијата сака да знае кој им ги дал слатките.

„Секоја информација што ќе ни помогне да го идентификуваме изворот на слаткото е од голема корист“, рече детективот.

Се претпоставува дека децата добиле слатки на блиското игралиште.

На родителите во Епсон им беше кажано што побрзо да разговараат со своите деца за опасностите од храната што содржи канабис.

Ваквата храна е незаконска и не е регулирана со закон во Велика Британија.