Димитров: Европа да го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме преговорите

0
22

Македонската приказна е тест дали на Европската унија може да ѝ верува, одлуката ќе има влијание врз целиот Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Денот на Европа. Тој ја повик Унијата да си го оддржи зборот.

„Многу време е поминато и има голем проблем со довербата во европската перспектива во регионот, затоа е потребна промена на динамиката“, посочи Димитров, кој ги коментираше и најавите дека Албанија може да ги почне преговорите пред земјава доколку нема договор со Бугарија, а се осврна и на проблемот со нашиот источен сосед.

Евроамбасадорот Гир истакна дека позицијата на Европската комисија е кристално јасна. Брисел посакува почеток на преговорите со Скопје и Тирана што е можно побрзо, и работи на одржување на меѓувладините конференцијата, но вели, до тој момент сѐ уште не се дојдени.

Според евроамбасадорот, време е да се оди напред. Тој ги охрабри Скопје и Софија да најдат прифатливо решение.

МТВ