ДОЛГО РАБОТНОТО ВРЕМЕ УБИВА 745 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ГОДИШНО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЗО

0
19

Многу работа убива стотици илјади луѓе секоја година, покажува нова научна студија на Светската здравствена организација (СЗО).

Во првото вакво глобално истражување досега открива дека 745.000 луѓе починале во 2016 година од мозочен удар или кардиоваскуларни проблеми поврзани со долгото работно време. Истражувањето покажало и дека луѓето кои живеат во Југоисточна Азија или регионот на Западен Пацифик се најпогодени од ваквите проблеми.

Од СЗО додаваат и дека овие трендови веројатно ќе се влошат поради пандемијата со коронавирусот.

Истражувањето покажало дека работа подолга од 55 часови неделно е поврзана со 35% поголема шанса за појава на мозочен удар и 17% поголема шанса за смрт од срцево заболување во споредба со работа меѓу 35 и 40 часа неделно.

Истражувањето кое го спроведе Меѓународната организација за труд покажува и дека скоро три четвртини од оние кои починале како резултат на долги работни часови биле средовечни и повозрасни луѓе.

Иако студијата не го опфаќа периодот на пандемијата, од СЗО велат дека растот на работата на далечина последниов период и економското забавување веројатно ги зголемиле ризиците поврзани со долгите работни часови.

„Имаме некои докази кои покажуваат дека кога државите воведуваат строги мерки преку затворање на бизнисите, бројот на работни часови се зголемува за 10%“, вели претставникот на СЗО, Франк Пега.

Студијата истовремено укажува дека околу третина од сите болести поврзани со работата се поради долгите работни часови. Препораките на СЗО се работодавачите да воспостават ограничување на максималното работно време, што пак е пракса која ја зголемувала продуктивноста на работниците.