До крајот на август ќе ги добиеме сите 119 илјади вакцини од ЕУ

0
17

До крајот на месец август ќе ги добиеме сите 119 илјади вакцини од ЕУ.

Ова го најави премиерот Зоран Заев. Тој на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји и се заблагодари на ЕУ за помошта која и ја дава на Македонија.

„Преку оваа програма за поддршка за Западен Балкан координирана од Австрија, пристигна првата испорака од 4.850 вакцини. Денеска добиваме и 4.850 вакцини набавени преку директен договор со Фајзер. Сите 119.123 ќе пристигнат до крајот на август. Од денеска влегуваме во обемна вакцинација на населението. Апелирам до сите граѓани, пријавете се за вакцинација. Со вакцинацијата очекуваме да ја промениме епидемиолошката слика и полека да почнеме да постигнуваме колективен имунитет“, изјави Заев.