До средината на јуни ќе се уриваат градби на плажите во Охрид

0
26

Општина Охрид ги почна активностите за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Механизација денеска работи на потегот од крајбрежјето после хотелот „Метропол“ кон Лагадин.

Според најавите, активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.

-Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите, посочуваат од Општина Охрид.

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата што е доста посетена од гости во летниот период.

Инаку, во оваа фаза од активностите предвидено е да се уредуваат плажите на потегот од „Метрoпол“ до Пештани, како и на дел од плажите каде беше интервенирано претходно.

Извор НоваТв