ЗАЕВ ЗА „ФОКУС” : ВО ДВЕ ГОДИНИ СО БУГАРИЈА ДОГОВОРИВМЕ ПЕТ ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ

0
17

Договорите се обврска на двете страни кои ги потпишуваат. Наше гајле е ние да го спроведуваме она што е наша обврска. Поуспешни сме од било кои други договори што се постигнати во модерна Европа“, рече претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за „Фокус.

„Еве да земеме, на некои историските комисии им требало и по 20 години да дојдат до решение. А, ние во првите две години успеавме да се договориме за пет историски ликови и три историски периоди и ги славиме заедно. Историјата билатерално да се решава и за неа да разговараат експерти и историчари, иако историјата е динамична наука и секој има право на различни погледи, аргументации и докази за својата автентичност. Очекуваме одговорност и од другата стана, затоа што имаат обврска во Договорот за континуирано поддржување и помагање на РСМ. Јасно кажав дека Бугарија еклатантно го крши членот 2 од Договорот. Тие секогаш искажуваат незадоволство од реализација на Договорот, но не треба да се заборави дека нашата земја помина низ референдум, промена на Уставот, а дојде и пандемијата“, изјави премиерот Зоран Заев.