Заев: „Не верувам дека Бранко Црвенковски ќе формира партија“

0
30

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, кој во 2013 година му беше внатрепартиски ривал на Зоран Заев, на својот Фејсбук профил искоментира: „Се раздвижува политичката сцена. Во тек е процес на дистанцирање“. Ова доаѓа по медиумските информации деновиве дека Црвенковски се спрема пред локалните избори да формира своја партија. За ова денеска со став излезе и самиот Заев, а од кабинетот на Црвенковски на сакаа да коментираат.

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ и тоа ни е јасно на сите општественици, мала ни е Македонија и ни е тоа јасно. И затоа не верувам во вакви приказни коишто се пуштени во јавноста дека претседателот Бранко Црвенковски ќе формира нова партија. Тоа не е точно, но ќе треба дефинитивно да го прашате претседателот Црвенковски.“