Започна рехабилитцијата на патниот правец Шипковица –  Бродец – Вешала

0
23
Започна рехабилитцијата на патниот правец Шипковица –  Бродец – Вешала. На увид во работите попладнево беа централните и градските власти.
Се работи за рехабилитација на патен правец каде често има одрони и свлечишта, особено при поголеми поројни дождови.Вкупната инвестиција е околу 30 милиони денари.

На увид во градежните работи беше и градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која се пофали и со други градежни зафати, односно реконструкции на државни патишта во овој дел на тетовско.

Градежните активности за рехабалитацијата на овој патен правец започнаа од влезот на село Шипковица. 

ММС