За само еден ден на полошкото подрачје евидентирани 4 физички напади, тетовската полиција заплени кокаин и други наркотици

0
21

 

Три лица од Тетово нападнале сограѓанин во маркет, а се обиделе да употребат и остар предмет, стои во известувањето на тетовската полиција

 Настанот се случил вчера околу 20.20 часот. Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(24), А.Ф. и Е.А., сите од Тетово, затоа што претходно во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.И.(30) од Тетово, при што се обиделе да употребат и остар предмет, но биле спречени. Тие биле приведени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок, известуваат од СВР Тетово.

Оттаму информираат и за уште три напади  

Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Л.(25) и А.Е.(24), двајцата од Тетово, затоа што претходно на улица „Иво Лола Рибар“ физички го нападнале Ф.А.(31) од тетовски Порој. Тие биле  задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им биде подготвен соодветен поднесок.Вчера пак во Полициската станица Гостивар, З.Р.(34) од гостиварско Чајле пријавила дека на 17.05.2021 околу 08.00 часот на улица.„18-ти Ноември“ во Гостивар била физички нападната од А.„Н“, со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.А.(24) од тетовско село затоа што претходно физички ги нападнал неговите баба и дедо од истото село. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Тетово

Денеска околу 02.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишени од слобода се 5 лицасите од Гостивар.

При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кој го користи И.С., извршен со судска наредба, биле затекнати приведените лица, а биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.