ЗА САМО 5 ЧАСА ПОЛИЦИЈАТА ЕВИДЕНТИРАШЕ ПРЕКРШУВАЊА НА СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА КАЈ 92 ПЕШАЦИ ОД ПОЛОШКО

0
25

 

Вчера  од 10 до 15 часот, на тетовскотo и гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола врска на прекршоците кои ги прават пешаците во сообраќајот, во која вкупно биле откриени 92 прекршоци (ТЕ-76 и ГВ-16). При контролата откриени и санкционирани се и 14 други видови прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-6). За сите прекршители се изготвени соодветни поднесоци, при што истите ќе се соочаат со парични глоби кои се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. 

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (20.05.2021/21.05.2021) за неносење заштитни маски на вкупно 48 лицa (ТЕ-32 и ГВ-16) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 1 лицa (ТЕ) и 2 (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-67 и ГВ-32 лице со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издаденте решенија за изолација.

   Во периодот од 24 часот на 20 мај до 4 часот на 21 мај 2021 година на подрачјето на СВР Тетово се регистрирани 2 лица (ГВ) кои ја прекршиле владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните.

                                                ……

 

 

                                         ……