ЗЕЛЕН ПАСОШ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД ИДНАТА НЕДЕЛА

0
20

Идната недела во Македонија ќе почнат да се издаваат зелени пасоши за патување во странство. Граѓаните документот ќе го добиваат од матичните лекари. Ќе содржи три податоци, за вакцини, ПЦР тест и испитување за антитела, најави министерот за здравство.

-Тој е електронски пас преку QR код, односно апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон. Тој ќе содржи простор за три податоци: На QR кодот ќе има податоци за  вакцина и ревакцина и типот на вакцината, вториот податок ќе биде ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно тестирање во случај некоја од земјите да бара ПЦР тест и третиот податок е за соодветна количини на  детектирани антитела како доказ за прележана болест исто така во случај ако некоја од земјите како критериум за влез бара ваква информација. Значи од следната недела, со тој QR код кој што ќе ги содржи сите овие три податоци, а преку матичните лекари, ќе може да го симнат во својата апликација, изјави министерот за здаравство Венко Филипче.

Дали во земјите од ЕУ ќе може да патуваат вакцинираните со руската Спутник или кинеската Синофарм, Филипче вели во моментот не може да се каже. Токму вакви вакцини имаат примено најголемиот дел од имунизираните во државата. Околу 30.000 лица се вакцинираа со Фајзер која е признаена во сите држави, а Астра Зенека кај нас и понатаму се користи само за постари над 60 години. Германија која меѓу првите ја ограничи возраста од неодамна оваа вакцина ја дозволи и за помлади. Со Астра Зенека се вакцинирала и амбасадорката.

-Јас лично се вакцинирав со Астра Зенека, но треба да потпишеме изјава за тоа, изјави германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

-Ќе дозволиме ли и ние вака?

-Засега не, Астра Зенека се дава само над 60 години, рече Филипче.

За граѓаните кои прележале Ковид, ставот на Националниот комитет за имунизација е дека можат да се вакцинираат месец дена по оздравувањето, а за комплетна имунизација потребни се две дози, за разлика од други држави меѓу кои и Германија за лицата кои имале потешка Клиничка слика воопшто не препорачуваат вакцинација, а оние со поблаги симптоми можат да се вакцинираат после 6 месеци, а доволна била само 1 доза.

Извор Сител