Израелската армија рани Палестинец, Хамас упати порака до Израел

0
14

Од палестинското исламистичко движење Хамас велат дека Израел мора да ја запре својата агресија во Појасот Газа и во Ерусалим доколку сака мир по 11-дневната војна на почетокот на овој месец.

Портпаролот на Хамас, Халил ал-Хаја ја даде изјавата по состанокот со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, кој денеска ја посети крајбрежната енклава по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на турнејата чија цел е зајакнување на примирјето со посредство на Египет.

Шефот на египетското разузнавање е највисок арапски службеник кој го посетил Појасот Газа од 2018 година.

Израелската армија рани Палестинец кој носеше нож и се обиде илегално да ја премине границата од Појасот Газа. Во соопштението на израелската армија се вели дека Палестинецот се обидел да ја премине границата со жица недалеку од Мошав Шде Аврам, дека го нападнал граничарот, го прободел со нож и дека подоцна откако бил ранет е пренесен во болница.