Израелски авиони извршиле напад врз разузнавачката зграда на Хамас

0
22

Ескалацијата на конфликтот меѓу Хамас и Израел продолжува и денес. Сирените за тревога се огласуваат од раните утрински часови, додека бројот на жртви расте.

Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните авиони извршиле напад во зградата во која е сместено военото разузнавање на Хамас во Појасот Газа.

„Нашите борбени авиони само погодија голем број стратешки значајни згради кои припаѓаа на Хамас и на поморските сили на Хамас“, се вели во соопштението.

Од таму истакнуваат дека продолжуваат да пукаат кон цели во Газа.