Имал само 25 години: Младо момче почина по пад од балкон во Охрид

0
14

Трагедија се случила утрово во охридската населба Воска. Полицијата потврди дека младо лице на 25-годишна возраст смртно настрадало при пад од балкон од трети кат на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во оваа населба.

Докторите од Итната медицинска помош само констатирале смрт, а на лице место е извршен и увид.

Според првичните информации, станува збор за самоубиство, но околностите за случајот ќе ги утврди истрагата.