Караџиќ ќе биде префрлен во затвор во Британија

0
86

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ ќе биде префрлен во затвор во Велика Британија, каде ќе продолжи да ја издржува казната.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб изјави денеска дека Велика Британија прифатила Караџиќ, кој беше осуден на доживотен затвор пред Меѓународниот механизам за кривични судови во 2019 година, da издржува затворска казна во таа земја, пренесува Ројтерс.

Одлуката е донесена во вторникот, врз основа на Договорот што ОН и Владата на Велика Британија го потпишаа со Хашкиот трибунал во 2004 година.