Карло Јовановски од Тетово – креатор на инструментална музика – Да се пренесе порака и емоција, импулс без помошта на зборот.

0
69

Во време кога во музиката се истакнуваат моќни вокали и се креираат текстови што лесно се помнат, популаризирањето на инструментална музика е вистински предизвик. Младиот артист Карло Јовановски од Тетово чии песни се објавени на неколку музички платформи зборува со пасија за она со кое се занимава во слободно време.

 

Глас.мк направи интервју со Јовановски

 

Кога започна со музицирање?

-Првиот допир со гитара ми беше на осум години кога започнав со часови во основното и средно музичко училиште во Тетово. Уште од најмала возраст имав жеба за музика и музикалноста ја чувствував како најрана сопатничка.

Освен гитара, кои други инструменти се вклучени во песните?

-На мелодиите што се пуштени досега во етерот, движечката оска и припаѓа на гитарата, но користени се и бас, бубњеви, перкусии, органи, пијана и сентисајзери.

Што те предизвика да се одлучиш за овој правец во музиката?

-Никогаш не сум го сакал ограничувањето и намалувањето на изборот на звуци заради запазување  на некој правец. Всушност, сметам дека не ни постои остра граница помеѓу правци, а најважна е слободата на авторот најискрено да го обликува делото.

Како дојде до идејата да ги снимиш песните и како се одвиваше целиот процес?

-Убаво ми е да кажам дека првите неколку мелодии се формираа сосема спонтано дури и случајно. Тие што се достапни за слушање се дел од повеќето за кои мислам дека вреди да бидат споделени. Се создаваа како производ на моментална музичка идеја и инспирација и тој дел е краток. Периодот на нивното дработување и осмислување на рационалниот дел, односно редоследот на прикажување како дел од еден проект ми одзеде малку повеќе време.

-Потребата за гласно зборување, желбата за создавање на нешто трајно ми се главна инспирација и поттик за креирање на нешто свое, ново и автентично,

Како се чувствуваше првиот пат кога слушна своја песна на една од платформите за слушање на музика?

-Би го опишал како награда за дотогаш вложениот труд. Целиот тој неколкумесечен процес кој знаеше да биде напорен, но и полн уживање, сублимиран во еден даден момент.

„ Инструменталот како вид музичко парче е составен само од звуци од инструмент, музика без лирика. Сметам дека тоа ја дава тежината на ваквото дело. Да се пренесе порака, емоцја, доживување, импулс без ппомошта на зборот. Поради овие причини тој како правец има широк спектар на начини на кои може да се почувствува и разбере. “

Со кои музичари се дружиш во слободно време?

-Слушам многу разноврсна музика. Уживам со најдобриот Џими Хнедрикс, Ерик Клептон, Џон Мајер како и „Red Hot Chili Peppers“, „The Doors“, „Nirvana“, „Depeche Mode“,  „Alt-J“ и многу други. Од македонската сцена би ги издвоил: „Чиста Околина“, „Funk Shui“, „Mosaique“, Влатко Стефановски, „S.A.M“…

Во иднина, дали би ѝ се посветил на музиката како твоја професија?

-Сигурен сум дека сакам да ја остварувам љубовта кон неа, но не сум решен дали тоа ќе биде како примарна професија или ќе остане хоби. Секоја уметност треба да има слободен тек на носење избор и одлука, се разбира и интуицијата е важен фактор од носењето на истата.

За крај, Карло ни открива дека е дел од проект со уште неколку музички ентузијасти, па наскоро може да се очекува нешто ново.

Инаку Карло е ученик во трета година во гимназијата во Скопје, „Орце Николов.“ Има седумнаесет години и за сега се потпишува како самостоен автор на сите седум песни кои се објавени.

ИНТЕРВЈУТО ГО РЕАЛИЗИРАШЕ АНГЕЛА БОШКОСКА