КИНЕСКИ РОВЕР ГИ ИСПРАТИ ПРВИТЕ СЛИКИ ОД МАРС

0
62

Првата кинеска сонда што слета на Марс минатата недела во историска мисија ги испрати првите фотографии од црвената планета.

Роверот „Џуронг“, во саботата влезе во атмосферата на Марс, а Кина е првата земја што успешно ја инсталира сондата за време на својата прва мисија на Марс.

Возилото се очекува да биде во функција три месеци, за кое време ќе испраќа слики и ќе собира податоци за локалната географија.