Колорадо: На роденденска забава убиени седум лица

0
22

Седум лица, меѓу кои и напаѓачот, се убиени денеска при пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо, јавуваат локалните медиуми. Како што се наведува, напаѓачот дошол на прославата и почнал да пука. Според извештаите во медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите. Меѓу жртвите е и лицето за кое беше организирана прославата, што се одржа пред камп-приколки. Меѓу собраните имало и деца, но сите жртви се возрасни. Полицијата соопшти дека пронашла шест мртви лица по пристигнувањето на местото на злосторството, додека седмиот им подлегнал на повредите во болница. Истрагата за мотивите на нападот е во тек.