КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО ПРЕПОРАКА РЕСТРИКЦИИТЕ ДА ОСТАНАТ ИСТИ

0
16

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.