Компанијата за автомобилска индустрија ЛЕАР во Технолошко – Индустриската развојна зона во Тетово започна да гради нова фабрика

0
31

Компанијата за автомобилска индустрија ЛЕАР во Технолошко – Индустриската развојна зона во Тетово започна да гради нова фабрика. Премиерот Заев и владини присуствуваа на почетокот на градежните активности за новиот објект, кој како што кажаа ќе биде значаен двигател во макроекономија, особено во време на пандемија.

Леар со инвестции во нова фабрика каде ќе бидат вработени дополнително 1000 лица. Во време на пандемија преземени се храбри чекори од компанија која е значаен столб за развоја на економијата во регионов, посочија од ТИРЗ Тетово

Инвестициите во зоните, го подигнуваат стандардот на работници, и што е многу значајно во време на пандемија го полнат државниот буџет.

Новите инвестиции само ја потврдуваат важноста од членството во НАТО, посочи градоначалничката Теута Арифи која најави проект за побрз и полесен приод до Индустриската зона во Тетово

Развојот на економијата преку нови инвестиции во ТИРЗ Тетово, во иднина ќе оди паралелно со воспоставување на високи еколошки стандарди, односно користење на зелена енергија од фабриките во зоната, посочија од ТИРЗ Тетово