КОСОВСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА ОДБИВА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА

0
37

Косовскиот амбасадор во земјава, Ѓерѓ Дедај, одбива да ја испочитува одлуката за разрешување, и покрај указот од косовската претседателка Вјоса Османи.

Дедај на својој Фејсбук профил напиша дека Уставот и законите на Косово не треба да се кршат или персонализираат.

„Уставот и законите на Косово се Библија и Куран на косовското општество, пред кои сите сме немоќни“, напиша Дедај.

Претходно, Дедај го предупреди идниот амбасадор дека физички ќе ја брани својата позиција, не прифаќајќи го указот на претседателката на Косово.

Во еден од своите статусти на Фејсбук тој вчера напиша: „Историската мисија продолжува“, со што најави дека нема да ја прифати одлуката за негово разрешување.