КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ДЕБАРСКО ЕЗЕРО

0
23

По околу двa месеци од големото загадување на водите на Дебарското Езеро, денеска ОВР Дебар поднесе кривична пријава против еден правен субјект во Дебар и против раководителите на субјетот и тоа против Т.Д (56) од Скопје и А.Д. ( 55 ) од Дебар за сторено кривичлно дело ,,загрозување на животната средина и природата со отпадни матријали,,.

СВР – Охрид преку портпаролот Стефан Димовски информираше дека на 19 март 2021 година, одговорните лица, дозволиле истек на употребено моторно масло сопственост на правниото лице, во градската канализациска мрежа а оттука, преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро. Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од законот за управување со отпад, законот за животна средина и од правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Претседателот на Спортското риболновно друштво ,,Трофта“ од Дебар Дритан Боцку за Радио Слбодна Европа изјави дека здружението кое исто така е и концесионер на дебарското езеро, бара од надлежните да се открие вистината за загадувањето. Тој додаде дека загадувањето на водите на езерото преставуваша опасност за флората и фауната. Боцку додаде дека езерото деновиве се загадува и со голем пластичен смет кој пристигнува преку реката Радика од дивите депонии од селските населби во регионот на Река во водите на езерото .

Инаку по цели два месеци се откри од страна на надлежните институции дека немало истурање на мазут во езерото, туку станува збор за користено моторно масло од страна на дебарска фабрика, кое завршило во водите на Дебарското Езеро.